Совети

Неколку совети кои ќе ви помогнат во изборот на изведувачот на преведувачките услуги
- При избор на изведувач на преведувачките услуги цената на преводот не би смеела да биде единствен критериум
Ниската цена во главно е единствениот услов за прифаќање на одредена понуда. На жалост,често се случува дека најевтината услуга е поскапа од услугата за која сте платиле разумна цена.
- Квалитетни преводи и дополнителни попусти
Тоа е можно доколку...
- сами соработувате на проектот. Со тоа овозможувате преведувачите подобро да го запознаат подрачјето на кое преведуваат;
- доколку се одлучите за долгогодишна соработка со агенцијата;
- доколку агенцијата користи преведувачки алатки. Користењето на преведувачките алатки ви овозможува дополнителни попусти врз основа на повторување на зборовите во текстот.
- Квалитетот на преведувачката агенција каде го нарачувате преводот
Доколку агенцијата се придржува кон стандардизираните процеси на преведувањето, проверките дури и не се потребни.
Во останатите случаи, добро би било да се распрашате за референциите во агенцијата каде што го нарачувате преводот.
Дополнителни совети во врска со процесот на преведување:
- Освен преведувачот, текстовите треба да ги прегледа и ревизорот, независен редактор и/или лектор по избор на клиентот
Прегледот на преведениот текст од страна на независниот ревизор е основното побарување на стандардот EN 15038.
Одлуката за тоа дали текстовите треба да ги ревидирате зависи од тоа на колкав круг на потенцијални клиенти е наменет (на пример, каталози, документи во областа на законодавство итн.).
- Пружете ваша стручна помош и во процесот на преведување на текстови
Многу е корисно да и се помогне на преведувачката агенција во почетокот на соработката. Доколку на преведувачот му обезбедите речник или дополнително друго градиво, осетно ќе му ја олесните неговата работа.
- Барајте агенцијата да користи преведувачки алатки
Преведувачките алатки се незаменлива професионална помош на секој преведувач. Агенцијата која води сметка за квалитетен превод користи најмалку една преведувачка алатка во својата работна средина.
- Прегледајте ги и сами преведените текстови
Доколку забележите било какви отстапувања, можете веднаш да ја контактирате преведувачката агенција.
Во овој процес преку ПСД екстранет апликацијата ви помагаме да го оптимизирате вашето драгоцено време.
- Оптимизирајте го времето за преведување
ПСД Ви дава можност да без било какви проблеми се вклучите во самиот процес на преведување и со тоа влијаете врз неговата брзина и самиот квалитет.
ПСД екстранет апликацијате е сопствен производ на ПСД со кој Ви овозможуваме директно учество во проектите со едноставен пристап до вашиот профил.
Брзи линкови
Контакти Проценка на ризикотНовости и случувања
НОВА КАНЦЕЛАРИЈА ВО СКОПЈЕ
Објавено: 30.04.2012 14:44Почитувани, со најискрено задоволство чест ни е да Ве известиме за новата локација и... [...]



