Процес на преведувањето

Преведувачот е лице кое го пренесува значењето од изворниот јазик на преведениот јазик така што го изработува текстот во склад со упатството добиено при поделба на проектот. Во текот на преведувањето, преведувачот секогаш обраќа внимание на следниве елементи: терминологија, граматика, стил, лексика, локални карактеристики, обликување, целна група и намена на преводот (EN 15038).
Проверка е процес во кој преведувачот на крајот од преводот го прегледува својот производ. При тоа проверува дали е изразено изворното значење, да нема изоставено клучни зборови (делови од текстот) или грешки и да се исполнети дефинираните специфицирани услуги. Преведувачот во својот превод прави потребни исправки. (точка 5.4.2 EN 15038)
Нашиот тим е составен од група на способни преведувачи, кои со преведување се занимаваат најмалку пет години. Во тимот спаѓаат и толкувачи како и членовите на преведувачките друштва. Одреден број на преведувачи е специјализиран за конкретни подрачја на преведување и тие непрекинато го надградуваат своето знаење во дадените области.
Брзи линкови
Контакти Проценка на ризикотНовости и случувања
НОВА КАНЦЕЛАРИЈА ВО СКОПЈЕ
Објавено: 30.04.2012 14:44Почитувани, со најискрено задоволство чест ни е да Ве известиме за новата локација и... [...]



